Бројот на заболени со Ковид-19 во Англија се зголеми за четири пати во последниот месец, додека британскиот премиер, Борис Џонсон, објави дека има намера целосно да ја отвори земјата во рок од две недели.
Џонсон рече дека планира да ги укине сите мерки против ширењето на коронавирусот до 19 јули, иако анализите сугерираат дека бројот на случаи во Велика Британија ќе се зголеми. Британскиот премиер тврди дека животот мора да се врати во нормала и покрај можните нови смртни случаи.
Според истражувањето предводено од Империјал колеџ во Лондон, се проценува дека новите случаи на Ковид-19 може да се удвојуваат на секои шест дена, додека се разгорува новиот бран предизвикан од од ширењето на делта варијанта на коронавирусот.