Бројот на загинати за време на овогодишниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

Бројот на загинати за време на овогодишниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

пред 2 години

Бројот на починати за време на овогодинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на Саудиска Арабија Фахад Ал Џалаџел.

Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е „пешачење на долги растојанија под директна сончева светлина“ без соодветна заштита, а меѓу загинатите има многу стари лица и оние кои боледуваат од хронични болести.

Околу 83 отсто од смртните случаи се оние на кои не им било одобрено за аџилак, рече саудискиот министер.

Текстот Бројот на загинати за време на овогодишниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top