Бројот на починати од Ковид во Полска надмина 100.000

пред 3 години

Вкупниот број на починати од коронавирус во Полска денеска надмина 100.000, изјави полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски, во време кога земјата се бори со четвртиот бран на пандемијата.

– Денеска можеме да кажеме дека е уште еден тажен ден, затоа што го надминавме нивото од 100.000 смртни случаи од ковид, рече Неџелски и додаде дека Полска денеска ќе пријави околу 11.400 нови случаи на ковид и 493 смртни случаи.

Во Полска, бројот на смртни случаи на милион жители беше меѓу највисоките во светот минатата недела, бидејќи регистрирани се повеќе од 57 смртни случаи, во споредба со околу 34 во САД и 38 во Русија.

Полска се бори со постојано висок број дневни случаи на ковид, а во декември воведе нови ограничувања за да го спречи ширењето на вирусот.

Share
Scroll to Top