Бугарското Собрание утре на пленарна седница ќе ја носи одлуката за Македонија

пред 2 години

По неколкучасовна расправа, Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент одлучи да го прифати предлогот на политичката партија „Демократска Бугарија“ за уредување на односите со Македонија, јавува „БГНЕС“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Проектот за Македонија“ предложен од Христо Иванов, Комисијата за надворешна политика во Бугарија го усвои со 11 гласа.

Вчера беше одложена седница затоа што и претходеа тензии и меѓусебни обвинувања, особено од опозициските партии кои ја обвинија владејачката „Продолжуваме со промената“ дека го кочи и одолговлекува процесот.

Во пленарната сала беше договорено да се стави на гласање одлука на парламентот со која се дава мандат на Советот на министри да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ со Република Северна Македонија во врска со нејзината кандидатура за членство во ЕУ

Од партијата „Има таков народ“ обвинија дека дебатата е безпредметна затоа што Македонија веќе го одбила францускиот предлог.

Share
Scroll to Top