Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска пристигна во Москва и во Кремљ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој изјави дека Путин разговара со Фицo, кој е во работна посета на Москва, за транзитот на гас и меѓународни прашања.
Средбата меѓу Путин и Фицo се одвива во тет-а-тет формат, додаде Песков, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ изјави дека посетата на Фицo на Москва била планирана пред неколку дена.
Текстот Важна средба меѓу Путин и Фицо во Москва: главна тема е транзитот на руски гас е превземен од МАКФАКС.






