Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.
Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела, ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.
ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.