Вакцинацијата против коронавирус започна во сите региони на Русија

пред 3 години

Вакцинацијата против коронавирус започна во сите региони на Русија, изјави министерот за здравство Михаил Мурашко.

Министерот на состанокот на советот за борба против ширењето на Ковид-19 рече дека сите региони се подготвени да ја прифатат вакцината и дека се разработени параметрите за квалитетот на транспортот и складирањето, пренесува „РИА новости“.

Премиерот Михаил Мишустин рече дека Министерството за здравство направило план за дистрибуција на вакцината по региони во следните три месеци.

„Важно е целата оваа работа да тече непречено“, рече Мишустин.

Share
Scroll to Top