Вашингтон повика на акција против епидемијата на ебола во Африка

пред 3 години

Владата на САД повика на навремен и ефикасен напор на глобалната заедница за справување со епидемијата на еболата во Африка, пренесува ТАСС.

„Заразните болести се транснационални закани по здравјето и националната безбедност“, рече секретарот за печат на Белата куќа, Џен Псаки, во изјавата објавена во вторникот.

„Додека светот се тресе од постојаната пандемија на Ковид-19, еболата повторно се појави и во Централна и во Западна Африка. Мора да сториме сè што е во наша моќ да одговориме брзо, ефикасно и со соодветни ресурси за да ги прекинеме овие појави пред да станат епидемии во големи размери “.

Псаки рече дека американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за ситуацијата. Според неа, американската администрација е подготвена да работи со погодените влади, СЗО, Африканската унија, Африканските центри за контрола и превенција на болести и со соседните држави.

Советникот за национална безбедност, Џејк Саливан, разговарал со амбасадорите на Гвинеја, Демократска Република Конго, Сиера Леоне и на Либерија за да им ја пренесат подготвеноста на САД за тесна соработка со владите на погодените земји и со соседните земји чии граѓани би биле изложени на ризик ако заразата продолжи да се шири.

„САД се подготвени да направат се што е во нивна моќ да обезбедат силен глобален одговор и да ги запрат овие епидемии“, рече секретарот за печат на Белата куќа.

Почнувајќи од 1 февруари, четири пациенти со ебола се регистрирани во градот Бутембо на истокот од Демократска Република Конго. Двајца од нив починале. На 14 февруари, властите на Гвинеја официјално прогласија епидемија на ебола на југоистокот на земјата.

Првиот случај – медицинска сестра која почина на 28 јануари – беше пријавен од регионот на Нзерекоре и од градот Гуеке.

Share
Scroll to Top