Велика Британија ги олесни строгите мерки, но Џонсон останува претпазлив

пред 3 години

Строгите мерки за затворање во Велика Британија беа укинати во понеделникот и на жителите сега им е дозволено да се состанат во шестчлени групи за прв пат по речиси три месеци, иако премиерот Борис Џонсон предупреди на претпазливост поради зголемениот број случаи на коронавирус во Европа.

Џонсон, кој воведе трето национално затворање на 4 јануари, рече дека планира да ги укине ограничувањата претпазливо и неповратно со помош на брза вакцинација на населението против Ковид-19.

Ова е во спротивност со ситуацијата во поголем дел од Европа, каде што земјите, вклучително и Германија и Франција, се справуваат со третиот бран на инфекција со Ковид-19 и хоспитализации.

Џонсон предупреди и дека варијантите на коронавирус претставуваат ризик за британската вакцинација, што е четврта најбрза во светот по Израел, Обединетите Арапски Емирати и Чиле.

„Треба да останеме внимателни бидејќи случаите на инфекција растат низ цела Европа и нови варијанти се закануваат на нашата вакцинација“, рече Џонсон.

„И покрај денешното ублажување (мерките), сите мора да ги почитуваат правилата, да се сетат на рацете, лицето и дистанцата и да одговорат на повикот за вакцинација“.

Од понеделник, до шест лица или две домаќинства можат да се сретнат надвор во Велика Британија, додека спортски центри на отворено, како што се базени, терени за тенис и кошарка, може да се користат додека се одржува растојание.

Share
Scroll to Top