Велика Британија и Германија планираат заеднички да развиваат и применуваат вештачка интелигенција во своите вооружени сили, а конкретните чекори за реализација на проектот треба да бидат договорени напролет 2027 година, најави британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг.
Во авторски текст за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, објавен пред денешната средба со германскиот министер за одбрана Борис Писториус во Берлин, Стритинг најави проширување на постојниот заеднички проект за сајбер-безбедност „Сајбер лајтхаус“ (Cyber Lighthouse) и во областа на вештачката интелигенција.
„Со заедничко тестирање, развој и воведување на вештачката интелигенција во нашите вооружени сили ќе ја продлабочиме соработката и ќе држиме чекор со оние што сакаат да ни наштетат“, порача Стритинг.
Британскиот министер предупреди дека безбедносните закани во Европа се зголемуваат, посочувајќи ги саботажите, државниот тероризам и непријателските активности за кои ја обвини Русија. Тој нагласи дека Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана.
Лондон и Берлин веќе соработуваат во воени операции во северниот Атлантик и Балтичкото Море, вклучително и во мисии на НАТО за заштита на критичната подводна инфраструктура.
Соработката се проширува и во одбранбената индустрија. Според Стритинг, германските компании од потпишувањето на билатералниот договор во 2024 година најавиле инвестиции од околу 800 милиони фунти во британската воена индустрија.
Меѓу нив е германската компанија „Хелсинг“, која отвори фабрика за подводни беспилотни летала опремени со вештачка интелигенција, наменети за откривање непријателски подморници.
Стритинг ја нагласи и важноста на германсоекти е „Дип прецизион страјк“ (Deep Precision Strike), кој предвидува развој на напредно оружје за прецизни напади на големи растојанија, со дострко-британската соработка во обезбедувањето воена помош за Украина, оценувајќи дека партнерството придонесува за зајакнување на европската безбедност и НАТО.
Текстот Велика Британија и Германија развиваат ново оружје со дострел над 2.000 километри и ја прошируваат воената соработка е превземен од МАКФАКС.





