Велика Британија објави нови податоци: Руските сили минуваат низ период на реорганизација

пред 2 години

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина – 23 март 2022 година.

Бојното поле низ северна Украина останува главно статично, а руските сили најверојатно ќе поминат низ период на реорганизација пред да продолжат со големите офанзивни операции.

Руските сили се обидуваат да ги опфатат украинските сили на истокот на земјата додека напредуваат од правец на Харков на север и Мариупол на југ.

Руските сили се уште се обидуваат да го заобиколат Николаев додека сакаат да се движат на запад кон Одеса.

Share
Scroll to Top