Венс: Верувам дека Трамп би ме поддржал доколку се кандидирам за претседател на САД

Венс: Верувам дека Трамп би ме поддржал доколку се кандидирам за претседател на САД

пред 3 часа

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, денес изјави дека сè уште не одлучил дали ќе се кандидира за претседател на САД во 2028 година, но дека сигурно верува дека сегашниот претседател, Доналд Трамп, би ја поддржал неговата кандидатура, иако сè уште не разговарале за тоа.

„Навистина не сум одлучил што ќе правам во 2028 година. Дури и не сум размислувал за тоа. Мислам дека претседателот би ме поддржал доколку се кандидирам“, изјави Венс за „ABC News“.

Венс, сепак, нагласи дека не разговарал за можна кандидатура со Трамп и додаде дека претседателот понекогаш дозволува внатрепартиската изборна трка да се одвива без тој предвреме да одлучи за кандидат.

Текстот Венс: Верувам дека Трамп би ме поддржал доколку се кандидирам за претседател на САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top