Вепар касна жена на италијанска плажа: „Јадев пица, го привлече“

пред 2 години

Дива свиња каснала 57-годишна жена на плажата во Џенова која јадела пица. Животното ја нападнало Росана Падоан Фалконе на плажата во Стурла, пишува „Гардијан“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Нападнатата жена, активистка на Демократската партија, во петокот вечерта отишла на плажа да се опушти после работа.

„Бев на плажа и седев на крпа. Уживав во ветрето кога до мене се појави дива свиња. Советуваат да се остане смирен за време на ваквите средби, па се обидов. Тогаш дивата свиња дојде до мене и ме гризна за рака. Јадев пица кога се појави прилично голем вепар. Мислев дека го привлекува пицата и ќе се обиде да ја отвори картонската кутија во која се наоѓаа остатоците од неа, но наместо тоа ме касна мене“, изјави таа за La Repubblica.

Откако вепарот ја гризнал, таа почнала да вреска. На помош и’ пришол нејзин колега кој видел дека и’ крвари раката. Другите панично избегале. Падоан Фалконе заврши во болница, каде и беше дадена вакцина против тетанус и антибиотици и лекови за лекување на потенцијалното беснило.

Ова не е првпат свињи да дојдат на плажа во Џенова. Во јуни поголем број на диви свињи се обида да украдат грицки од три лица.

Се верува дека ова е првпат, на плажите, вепар да касне човек. Нападите на диви свињи предизвикаа дебата за зголемениот број на овие животни во италијанските градови. Неодамна, стадо диви свињи нападна жена на паркинг во Рим кога се враќала од пазарење.

Share
Scroll to Top