Веќе нема шанси да се извлечат преживеани од урнатините во Мајами

пред 3 години

Спасувачите кои работат на урнатата зграда во американската држава Флорида, го пренасочија фокусот на нивните активности од пронаоѓање можни преживеани во операцијата, кон пронаоѓање на тела на жртви, откако утврдија дека нема шанси некој во урнатините и натаму да е жив.

Промената дојде денес, две недели откако зградата во Сурсфајд делумно се сруши на 24 јуни.

Помошник шефот на пожарникарската служба во Мајами Дејд, Рајид Џадалах, на брифингот изјави дека начинот на кој паднала зградата при што подовите се ределе еден врз друг, оставил многу малку простор за некој да може да преживее, објави „Гласот на Америка“.

Тој рече дека последниот познат аларм поради знаци на живот пристигнал во првите часови по уривањето на зградата и дека оттогаш кучињата трагачи, скенерите и камерите немаат регистрирано никакви знаци.

Градоначалничката на Мајами Дејд, Даниела Левин Кава, рече дека се пронајдени уште осум тела, со што бројот на жртвите се искачи на 54. Од нив, идентификувани се 33 лица, додека 86 лица сè уште не се пронајдени.

Таа додаде дека фокусот сега ќе биде насочен кон помагање на семејства кои чекаат вести за нивните најблиски и дека ќе се вложат напори да се идентификуваат сите жртви.

Share
Scroll to Top