(Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден

(Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден

пред 2 години

Товарен Боинг 763  принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.

Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.

Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.

Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.

 

Текстот (Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top