(Видео) Авион принудно слета на плажа на Флорида помеѓу пливачи

пред 3 години

Авион од времето на Втората светска војна принудно слета во вода на фреквентната плажа Кокоа на Флорида, на само неколку метри од шокираните пливачи.

Кога виделе како авионот слетува кон нив, оние кои се сончале на плажата веднаш ги грабнале нивните мобилни телефони, а видеата завршија на социјалните мрежи.

Авионот учествувал на аеромитинг и се здобил со дефект за време на летот.

„Спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на несреќата, а пилотот не беше повреден“, рекоа организаторите на аеромитингот.

Авионот од типот „ТБМ Авенџер“ е американски торпедо-бомбардер направен првично за американската морнарица и маринците. Тој влегол во служба во 1942 година, а пилотите кои управувале со овој модел учествувале во битката кај Мидвеј, која се водела меѓу американската и јапонската морнарица.

Share
Scroll to Top