(Видео) Авион се урна во предградие во Калифорнија, две лица загинаа

пред 3 години

Најмалку две лица загинаа кога авион „Цесна 340“ се урна во предградие на Сан Диего во Јужна Калифорнија.

Се верува дека меѓу загинатите е и пилотот на авионот.

Малиот авион удрил во комбе, а возачот загинал.

Повредени се најмалку две лица, меѓу кои и една жена која соседите ја извлекле низ прозор на куќа во која настанал пожар по несреќата.

Авионот летал кон аеродромот „Монтгомери-Гибс“ кога се урнал, а непосредно пред падот, контролорот го предупредил пилотот дека лета премногу ниско.

Share
Scroll to Top