(Видео) Автомобил во Сан Диего излета на тротоар, загинаа три лица а шест се повредени

пред 4 години

Најмалку три лица загинаа, а шест се повредени кога возило премина на тротоарот во центарот на Сан Диего и удри во група луѓе.

Несреќата се случила во тунел под надвозникот, каде многу луѓе биле во тој момент засолнети од дождот, пренесуваат американските медиуми.

Возачот на карванот „Волво“, стар 71 година, излегол да помогне и ја чекал полицијата. Тој во моментов е во притвор. Се испитува дали возел под дејство на алкохол или наркотични средства.

Покрај трите лица кои починаа на самото место, уште најмалку две лица се пренесени во болница во критична состојба, соопштуваат медиумите.

Несреќата се случила во тунелот под надвозникот, каде многу луѓе се засолниле од дождот, изјави шефот на полицијата Давид Нишлате.

Иако не кажа дека тоа е место каде доаѓаат бездомници, на тротоарот беа забележани шатори и лични работи, соопштуваат американските медиуми.

Возачот беше идентификуван како Крег Мартин Вос од Сан Диего и бил обвинет по неколку точки, пишуваат тамошните медиуми.

Share
Scroll to Top