(Видео) Азербејџан уништи ерменски противвоздушен систем

пред 4 години

Азербејџанското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледа моментот кога азербејџанските сили извршуваат напад врз ерменскиот систем за противвоздушна одбрана С-300.

Министерството посочува дека системот бил уништен, а снимката е направена со дрон.

Во Баку не објавија кога е извршен нападот или каде се наоѓал ерменскиот систем С-300, пренесува „Спутник“.

Преходно денеска, азербејџанските власти соопштија дека од ескалацијата на конфликтот на Кавказот се убиени 60 азербејџански цивили и ранети 270 лица.

Share
Scroll to Top