(Видео) Американец се обиде да пука во поранешната сопруга во ресторан; неверојатен расплет снимен на камера

(Видео) Американец се обиде да пука во поранешната сопруга во ресторан; неверојатен расплет снимен на камера

пред 3 часа

Американскиот адвокат Метју Екстон (43) е осуден на 24 години затвор за обид за убиство на својата поранешна сопруга во ресторан во Толедо, Охајо. Тој вперил наполнет пиштол кон неа, но оружјето не испукало бидејќи била активирана кочницата. Нападот бил спречен од келнер, кој го соборил Екстон на земја пред тој да успее да го откочи пиштолот.

Инцидентот се случил на 11 април 2025 година во ресторанот „Сабира“. Поранешната сопруга на Екстон, Кајда Валоне, таму вечерала со своето семејство. Според обвинителството, Екстон претходно пиел во блискиот бар; откако ја забележал поранешната сопруга, влегол во „Сабира“ и испратил пијалак на нејзината маса. Првично си заминал, но набрзо се вратил со пиштол.

Тој пришол до масата, го вперил пиштолот кон Кајда Валоне од непосредна близина и се обидел да пука. Пиштолот не испукал бидејќи кочницата сè уште била вклучена. Екстон потоа почнал да ракува со оружјето за да го подготви за пукање.

Во тој момент, келнерот Трејси Кол Џуниор интервенирал и го соборил на подот. Други гости помогнале да се совлада напаѓачот, држејќи го притиснат на земја сè додека не пристигнала полицијата.

На судењето, Екстон призна дека вперил пиштол кон својата поранешна сопруга, но негираше дека имал намера да ја убие. „Не се обидов да ја убијам поранешната сопруга, ниту пак се обидов да ѝ наштетам нејзе или на нејзиното семејство. Кочницата на оружјето беше вклучена; тоа беше мој избор“, изјави тој пред судот.

Тој тврдеше дека сакал само да ја исплаши за да ја забрза продажбата на нивниот некогашен заеднички дом. Обвинителите ја отфрлија оваа одбрана, а клучниот доказ беше снимката од безбедносните камери во ресторанот.

Текстот (Видео) Американец се обиде да пука во поранешната сопруга во ресторан; неверојатен расплет снимен на камера е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top