(Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот

(Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот

пред 1 час

Американската војска вчера изврши нов напад врз брод за кој тврди дека превезувал дрога во крајбрежните води на Латинска Америка, при што загинаа четири лица.

Нападот во источниот Пацифик го наредил американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, објави Јужната команда на САД на социјалните мрежи, споделувајќи видео од нападот.

„Разузнавањето потврди дека бродот превезувал наркотици и се движел по позната рута за шверц во источниот Пацифик. Четворица машки наркотерористи кои биле на бродот се убиени“, објави Јужната команда, која е одговорна за американските воени операции во Карипското Море и водите покрај Централна и Јужна Америка.

Од почетокот на септември, американската војска изврши најмалку 22 напади врз бродови во источниот Пацифик и Карибите за кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вели дека шверцуваат дрога. Досега, во тие напади се убиени најмалку 87 лица. Вчерашниот напад беше првиот јавно познат напад од 15 ноември.

Текстот (Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top