Италијанската полиција денеска објави дека уапсила 12 лица, меѓу кои и водачи на екстремно десничарската партија Форца Нуова, по немирите во Рим ден претходно, поттикнати од владината мерка според која здравствениот зелен сертификат ќе биде задолжителен за сите работници.
Илјадници луѓе излегоа на улиците на италијанската престолнина во саботата за да се спротивстават на мерката. Некои се обидоа да ги пробијат полициските кордони што ја чуваа канцеларијата на премиерот Марио Драги, додека одделна група упадна во седиштето на синдикатот CGIL и ги демолира канцелариите.
Десетици демонстранти во текот на ноќта се обидле да упаднат во одделот за итни случаи на римската болница „Поликлинко Умберто I“, каде што еден од нив бил задржан на лекување. Здравствените работници биле принудени самите да се забарикадираат, изјави шефот на итната помош, Франческо Пуглијезе.
Драги во текот на летото го претстави сертификатот, кој е во дигитална или хартиена форма, а кој докажува дека неговиот сопственик примил барем една доза од вакцината, има негативен тест или неодамна се опоравил од Ковид-19, со цел да ги поттикне граѓаните да се вакцинираат.
Сертификатите првично беа потребни за влез во културни и рекреативни простории, но нивната употреба постепено се прошири. Владата минатиот месец го направи сертификатот задолжителен за сите работници.
$bp(“Brid_33876021”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”420″,”video”:”879222″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Повеќе од 80 проценти од Италијанците постари од 12 години се целосно вакцинирани до денес.
Според системот за зелен сертификат за работници, што го прифатија синдикатите и работниците, работникот кој нема валиден здравствен сертификат, од 15 октомври ќе биде суспендиран и нема да прима плата, но не смее да биде отпуштен.