(Видео) Бајден: Гласот ми е зарипнат поради настинка, сè е во ред

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден денеска рече дека неговиот зарипнат глас е последица на настинка што стапила по контакт со неговиот внук и додаде дека секој ден се тестира на Ковид-19.

Тој денеска одржа говор за економијата со зарипнат глас и имаше напади на кашлање, што го поттикна еден од новинарите да го праша претседателот за неговото здравје.

„Добро сум. Секој ден се тестирам за ковид. Ова го добив од мојот внук на една и пол година кој сака да му дава бакнежи на својот дедо. Се работи за обича настинка“, додаде тој.

Американскиот претседател минатиот викенд го помина со семејството, кога во Америка се славеше Денот на благодарноста.

Здравјето на Џо Бајден, со оглед на тоа што тој е најстариот претседател некогаш избран во САД (79), привлекува посебно внимание.

Пред две недели тој беше подложен на систематски преглед, чии резултати ги објави Белата куќа, а неговиот лекар заклучи дека е во добро здравје.

САД стравуваат од зголемување на случаите со Ковид-19 со доаѓањето на зимата и ширењето на новата омикрон варијанта на коронавирусот.

Share
Scroll to Top