(Видео) Бајден со арогантен одговор за конфликтот во Газа

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден избегна да одговори на новинарско прашање за конфликтот меѓу Израел и Хамас со непријатна шега.

За време на тест возење на електричен автомобил „Форд“ во Деарборн, во сојузната држава Мичиген, на претседателот на САД му беше поставено и политичко прашање, покрај прашањето за самото возило, на кое тој не сакаше да одговори.

На прашањето на новинарката: „Господине претседател, може ли да ви поставам кратко прашање за Израел пред да управувате со автомобилот, бидејќи тоа е многу важно?“, Бајден одговори негативно: „ Не, не можеш. Освен ако не застанеш пред автомобилот кога ќе дадам гас”, рече Бајден, игнорирајќи го прашањето и додаде: „Се шегувам”.

Потоа се оддалечи, оставајќи ги новинарските екипи без одговор на важно политичко прашање.

Share
Scroll to Top