Гестот на кандидатот за претседател на САД, Џозеф Бајден стана вирален откако на собирот во Невада ја тргна заштитната маска од лицето и се искашла во раката.
Have a great weekend, everyone! pic.twitter.com/MZTlxASo1x
— Dave Rubin (@RubinReport) October 10, 2020
Американскиот демократски кандидат за претседател на изборите што ќе се одржат на 3 ноември, е познат и по тоа што секогаш носи заштитна маска, каде и да оди, уште од почетокот на пандемијата. За тоа неговиот противник, сегашниот претседател Доналд Трамп, неколкупати го исмејуваше.
Joe Biden has rendered his mask useless at this point pic.twitter.com/p0o8Z58Ngf
— Jake Schneider (@jacobkschneider) October 9, 2020
Видеото како Бајден кашла во раката, се прошири на социјалните мрежи како вирус за време на говорот во Невада. Тој ја врати маската откако се искашла, што ги зачуди многумина на социјалните мрежи и предизвика бројни критики.
На Твитер настана судир на две страни, откако се појави група од оние што го бранат, поткрепувајќи ја одбраната со наводи дека настанот бил на отворено и дека сите присутни биле тестирани за ковид-19.