(Видео) Бес поради потегот на индискиот премиер: Моди отвори хинду храм изграден на урнатините на џамија

(Видео) Бес поради потегот на индискиот премиер: Моди отвори хинду храм изграден на урнатините на џамија

пред 9 месеци

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го отвори хиндуистичкиот храм изграден на урнатините на џамијата во градот Ајодја во северна Индија.

Храмот е посветен на хинду богот Рама, пренесува АП и додава дека Моди, облечен во традиционална облека, ја водеше церемонијата на отворање придружена со религиозни песни од хинду свештеници во храмот каде минатата недела беше поставена камена скулптура на богот Рама висока 1,3 метри.

„Ми причинува големо задоволство што сум дел од оваа божествена програма“, објави индискиот премиер Моди на својот профил на „Икс“.

Тој, исто така, пееше хинду религиозни песни пред да постави цветни ливчиња во основата на скулптурата на богот Рама, се помоли и потоа се поклони пред статуата на Рама, објави Ројтерс.

Текстот (Видео) Бес поради потегот на индискиот премиер: Моди отвори хинду храм изграден на урнатините на џамија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top