(Видео) Божиќни заложници на Макрон – повеќе од 1.500 камиони заглавени на граница во Велика Британија

пред 3 години

Повеќе од 1.500 камиони се паркирани на југот на Англија поради неможноста да ја преминат границата и да влезат во Франција. Владата на британскиот премиер Борис Џонсон се обидува да најде начин да ги отвори границите со Франција и да го деблокира едниот од најважните европски трговски патишта девет дена пред конечното раздвојување на Велика Британија и ЕУ.

Повеќето возачи се Французи, кои се надеваат на договор меѓу Велика Британија и Франција со цел што побрзо да се вратат дома. Британските медиуми ги нарекоа „Божиќни заложници на Макрон“. Возачите се заглавени на југот на Англија повеќе од 48 часа, многумина се замрзнати и немаат храна. Британскиот министер за внатрешни работи, Прити Пател, рече дека на автопатот М20 има околу 650 камиони и дека 873 камиони се паркирани на пистата на блискиот аеродром.

Повеќе од 40 земји привремено ги затворија границите за стоки и патници од Велика Британија, откажувајќи ги летовите од таа земја поради брзото ширење на нов вид на коронавирус.

Share
Scroll to Top