(Видео) Британски новинар ранет во близина на Киев

пред 5 години

Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев, јавуваат западните медиуми.

Репортерската екипа на британски „Скај њуз“ била изложена на пукање од засега непознати напаѓачи. Наводно, снимателот Ричи Моклер преживеал благодарение на панцирниот елек кој го носел, а во кој налетале дури два куршуми.

Екипата на крајот била евакуирана во Велика Британија, а драматично видео од нападот го обиколи светот.

Share
Scroll to Top