(Видео) Воен хеликоптер се урна во Турција, потрагата по пилотот е во тек

(Видео) Воен хеликоптер се урна во Турција, потрагата по пилотот е во тек

пред 53 минути

Воен хеликоптер се урна во централна Турција, во близина на покраината Ескишехир, објави Министерството за одбрана. Екипи се испратени на местото на несреќата и во тек е операција за пребарување и спасување, јавува Ројтерс.

Турското Министерство за национална одбрана објави дека остатоците од хеликоптерот се пронајдени и дека операцијата за пребарување и спасување продолжува.

Министерството за одбрана, според написите во медиумите, не објави податоци за можни жртви, како и за причината за падот на хеликоптерот AS-532.

Текстот (Видео) Воен хеликоптер се урна во Турција, потрагата по пилотот е во тек е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top