Како што соопшти црногорската полиција, синоќа во Котор биле уапсени повеќе лица, а меѓу нив, наводно и водачот на Кавачкиот криминален клан, Слободан Кашчелан, неговиот телохранител Владимир Вучковиќ и Милош Радоњиќ и Крсто Марош од Котор.
Српскиот портал „Блиц“ пред неколку месеци објави дека Кавачкиот калн во последните неколку години ја презел главната улога во црногорското, но и во српското подземје.
Покрај нив, инспекторите од Секторот за борба против криминалот уапсиле уште три лица, а тие бараат уште неколку членови и организатори на криминалната група, пишува порталот „Вијести.ме“.
Službenici @PolicijaCG preduzimaju planske aktivnosti usmjerene prema kriminalnim grupama.
Uhapšeno više lica.
Aktivnosti su u toku.@VladaCG pic.twitter.com/6EJcPM4nyz— Uprava policije Crne Gore (@PolicijaCG) April 21, 2021
Кашчелан е сомничи за организирање на криминална група која извршила и планирала повеќе тешки кривични дела, за што се предвидува казна затвор и до 40 години.
Полицијата утрово соопшти дека презема планирани активности насочени кон криминалните групи.
„Неколку лица се уапсени. Активностите се во тек“, беше објавено на официјалниот профил на „Твитер“, на кој беше поставено и видео од акцијата.
Слободан Кашчелан и Радоје Звицер до 2014 година беа едни од главните луѓе на тогаш единствениот и опасен Шкаљарски клан, но по конфликтот со нивните соработници, решија да формираат свој клан – Кавачки.
Од тој ден, двајцата се на чело на оваа криминална организација, која секоја година гради се поголемо влијание во подземјето.
Црногорците Игор Божовиќ и Милош Радоњиќ исто така добиле водечки позиции во управувањето со криминалната група, објави „Блиц“.