(Видео) Во Британија направена монета тешка 10 килограми

пред 3 години

Британската кралска ковачница направи златна монета тешка десет килограми, што е рекордна тежина, однсно станува забор за најтешката монета во историјата, пренесува „Гардијан“.

На монетата е ликот на кралицата, а се вика „Queen’s Beasts coin“.

Потребни биле 400 часа за да се направи монетата, која кралската ковачница ја опиша како величествена, по четири дена полирање.

Монетата е веќе продадена, а кралската ковачница не даде детали за продажбата или за купувачот, но соопшти дека монета од оваа големина и вештина што била вложена при изработката, може да достигне цена од шест цифри.

Монетата е широка 20 сантиметри и е изработена од најдобрите експерти, комбинирајќи ги традиционалните вештини со иновативна технологија, со деноминација од 10.000 фунти (14.000 американски долари).

Share
Scroll to Top