Во судир на два локални патнички воза во близина на Главната железничка станица во Прага повредени се 46 патници, од кои неколкумина се здобиле со потешки повреди.
Двата воза се судриле околу 7 часот, на железнички надвозник над прометна улица во центарот на Прага, во непосредна близина на Главната железничка станица.
Повредени се 46 патници, од кои неколкумина се здобиле со потешки повреди, соопштија Железничката управа и Итната медицинска помош во главниот град на Чешка.
Všechny složky IZS zasahují u srážky dvou vlaků u Hlavního nádraží na přemostění se Seifertovou ulicí v Praze 3. Na místě je několik zraněných osob. https://t.co/33NUSn7zjI
— Policie ČR (@PolicieCZ) November 17, 2026
Бидејќи возовите на тој дел од пругата се движат со многу мала брзина, оштетени се само предните делови на двете локомотиви.
Железничкиот сообраќај на таа пруга е прекинат, додека возовите на долги релации се пренасочуваат кон други железнички станици во Прага, соопшти Управата на чешките железници.
„На местото на несреќата беа четири екипи на Итната медицинска помош. Имаме неколку тешко повредени лица кај кои постоеше опасност од откажување на виталните органи. Неколкумина се тешко повредени и имаат највисок приоритет за медицинска помош, додека повеќето се здобиле само со полесни повреди кои не се опасни по живот“, изјави за Чешката телевизија портпаролот на прашката Итна медицинска помош, Карел Кирс.
Министерот за транспорт Иван Беднарик соопшти дека сите патници од двата воза се евакуирани, а истрагата за околностите и причините за несреќата ја води Железничката инспекција.
Текстот (Видео) Во судирoт на два патнички воза во Прага повредени 46 лица, неколкумина се во тешка состојба е превземен од МАКФАКС.





