(Видео) Во Украина продолжи евакуацијата на населението преку хуманитарни коридори

пред 2 години

Во Украина денеска продолжи евакуацијата на населението преку три хуманитарни коридори, по еднодневна пауза поради страв од руски „провокации“, соопштија украинските власти.

„За денеска се потврдени три хуманитарни коридори“, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Еден од коридорите се однесува на евакуациите од Мариупол, каде според податоците на украинските власти од почетокот на руската инвазија на Украина загинале околу 5.000 луѓе.

Share
Scroll to Top