Претседателот на Србија Александар Вучиќ, како дел од својата изборна кампања, повторно излезе од фрижидер, но овојпат директно влезе во студиото на ТВ Пинк.
Тој претходно објави спот, во кој излезе од фрижидер на едно семејство.
В недела на 3 април во Србија се одржуваат претседателски и парламентарни избори, на кои Вучиќ повторно е кандидат.
Според последните анкети, една третина од граѓаните на Србија немаат намера да излезат на изборите. Анкетите предвидуваат победа на актуелниот претседател Александар Вучиќ во првиот круг, а за владејачката коалиција предводена од напредните (СНС) повеќе од половина во парламентот.