(Видео) Герасимов ги посети руските војници, им го честиташе освојувањето на Авдиивка

(Видео) Герасимов ги посети руските војници, им го честиташе освојувањето на Авдиивка

пред 11 месеци

Началникот на ГШ на руската армија, Валери Герасимов ги посети трупите кои се борат во војната во Украина за да разговараат за следните чекори по заземањето на градот Авдиивка, јавија денеска државните медиуми, пренесува Ројтерс.

Претседателот Владимир Путин вчера изјави дека руските трупи дополнително ќе вршат притисок во Украина за да го надградат својот успех на бојното поле по падот на градот Авдиивка, каде што украинските војници беа принудени да се повлечат.

Во видеото на Министерството за одбрана, Герасимов е прикажан како доделува медали на руските војници кои учествувале во заземањето на Авдиивка и добива извештај од командантот задолжен за рускиот напад на Авдиивка, генерал-полковник Андреј Мордвичев, соопштија државните медиуми.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба претходно изјави дека Авдиивка немаше да падне доколку Киев го добиеше оружјето што не пристигнало поради застојот во американскиот Конгрес, кој се уште не одобрил голем пакет помош за Украина.

Текстот (Видео) Герасимов ги посети руските војници, им го честиташе освојувањето на Авдиивка е превземен од МАКФАКС.