Во голем пожар во Рим синоќа изгоре индустрискиот ткн. Железен мост што ги поврзува двете римски населби Остиенсе и Трастевере.
Пожарот избувнал пред полноќ, а бил локализиран околу еден часот утрово.
Според првичните информации, во пожарот нема жртви, а според очевидци пожарот избувнал во бараките на бездомниците под мостот.
Инаку, зоната на железниот мост е полна со ресторани и барови. Кога избувнал пожарот, настанало стампедо од гостите кои панично бегале.
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџа, изјави дека најважно е тоа што нема жртви, но тажно е да се види дека е уништен дел од историјата.
Мостот е изграден во 1863 година.