(Видео) Деветгодишното девојче застрелано во ресторан во Лондон се бори за живот

(Видео) Деветгодишното девојче застрелано во ресторан во Лондон се бори за живот

пред 12 месеци

Деветгодишно девојче, кое синоќа беше застрелано додека вечераше со семејството во ресторан во источен Лондон, е во критична состојба, јавува Скај њуз. Таа е една од четирите жртви во пукањето што се случи на истокот на градот.

Девојчето се бори за живот, соопшти полицијата, а тројцата мажи на возраст од 26, 37 и 42 години се во стабилна состојба.

Семејствата биле излезени на вечера кога се случило пукањето, а очевидци изјавиле за Скај њуз дека првично мислеле дека тоа е огномет пред да слушнат шкрипење на мотор.

Никој не е уапсен, полициската истрага е во тек.

Текстот (Видео) Деветгодишното девојче застрелано во ресторан во Лондон се бори за живот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top