(Видео) Деветгодишно девојче било силувано од свештеник и тројца мажи, ја убиле и го запалиле телото

пред 3 години

Стотици луѓе протестираа во индиската престолнина Делхи четврти ден по ред, поради наводно силување и убиство на деветгодишно девојче од една од најзагрозените индиски касти.

Демонстрантите одеа држејќи транспаренти и бараа сторителите на злосторствата да бидат казнети за она што го направија, пренесуваат светските агенции.

„Сакаме правда, правда за ќерките на Индија“, извикуваа тие.

Мајката на девојчето ја испрати да донесе вода од блискиот крематориум во Делхи во неделата вечерта.

Еден час подоцна, таа беше пронајдена мртва во влажна облека, со крвав нос, со модринки на рацете и нозете и сини усни на подот од крематориумот, објави „Дејли мејл“.

Родителите на девојчето го обвинија хинду свештеникот и уште тројца мажи дека ја нападнале.

Нејзината мајка рече дека и се заканувале кога се противела на кремирањето на нејзината ќерка.

Полицијата регистрираше случај на групно силување и убиство и ги уапси мажите.

Таткото на девојчето рекол дека додека стигнал до крематориумот, придружуван од околу 150 селани, телото на неговата ќерка главно било изгорено.

Свештеникот и неговите помошници ја заклучија вратата и насилно го кремираа телото на девојчето и покрај протестите на мајката, а таткото на девојката и соседите кои дојдоа во меѓувреме го фатија свештеникот и тројца помошници кои потоа, според локалните медиуми, признале дека ја силувале девојката.

Таткото и селаните го изгаснале пожарот, но тој успеал да ги спаси само нозете на девојчето, што значи дека полицијата не може да докаже дека била силувана.

Напаѓачите беа обвинети за групно силување, убиство и сексуален напад врз дете.

Лекарите кои ја извршија обдукцијата рекоа дека изгореното тело им оневозможило да ја утврдат точната причина за смртта.

Девојчето било член на најниската Дали каста, некогаш позната како недопирлива, и живеела питајќи пред муслиманскиот суфиски храм.

Случајот предизвика гнев во Индија, демонстрантите ги запалија сликите на премиерот Нарендра Моди, обвинувајќи го дека не го осудува нападот.

Share
Scroll to Top