(Видео) Демонстрантите во Грузија фрлија огномет кон полицијата, објавена снимка

(Видео) Демонстрантите во Грузија фрлија огномет кон полицијата, објавена снимка

пред 2 години

Во главниот грузиски град Тбилиси веќе четири ноќи по ред се водат жестоки судири меѓу полицијата и проевропските демонстранти, кои не се задоволни од одлуката да се одложи дебатата за пристапување на земјата во Европската Унија.

Демонстрантите фрлаат „молотови коктели“ и огномет врз полицајците. Исто така, тие поставија барикади на улиците, а потоа ги запалија. Полицијата реагира со солзавец и водни топови.

Протести се одржуваат и во други градови во Грузија. Судирите – и продлабочената политичка криза меѓу националистичката конзервативна влада и проевропската опозиција – се закануваат да ја поделат земјата. Европската Унија би можела да воведе санкции поради последните настани во Грузија, изјави вчера новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.

„Јасно е дека употребата на насилство врз мирните демонстранти не е прифатливо и (грузиската) влада треба да ја почитува волјата на грузискиот народ, но и грузискиот Устав“, рече Калас за време на посетата на Киев.

Текстот (Видео) Демонстрантите во Грузија фрлија огномет кон полицијата, објавена снимка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top