Бискупот и уште неколку лица се повредени во денешниот напад за време на проповедта во црква во Вејкли на западот на Сиднеј.
Бискупот бил нападнат пред олтарот за време на проповедта што се емитувала на интернет, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентот се случил во западното предградие Вејкли.
#BREAKING: Footage of Mari Mari Emmanuel being escorted out of the church by paramedics. https://t.co/qHkOTK1Ypf pic.twitter.com/ha11IAvt8r
— Censored Men (@CensoredMen) April 15, 2024
Како што соопшти полицијата, никој од повредените не е во животна опасност.
Се наведува и дека напаѓачот е уапсен.
Некои медиуми јавуваат дека мажот употребил нож во нападот.
Текстот (Видео) Детали за нападот во Сиднеј: повреден свештеник и уште неколку лица е превземен од МАКФАКС.