(Видео) Драма во Белград: се запали градски автобус, оганот се проширил на моторот

(Видео) Драма во Белград: се запали градски автобус, оганот се проширил на моторот

пред 2 години

Автобус кој сообраќал на релација 351 се запали на улицата Воислав Илиќ кај Синиот мост во Белград.

На страницата на Инстаграм е објавено видео од запалениот автобус.

Возачот веднаш се обидел да го изгасне пожарот, но не успеал. На местото на настанот излезе и полицијата.

Според првичните информации, во пожарот нема повредени.

Тамошните медиуми потсетуваат дека и пред два дена, на 28 ноември, беше објавено дека градски автобус се преполовил во близина на Машинскиот факултет. Возилото се движело кон гаражата и во него немало патници.

Исто така, околу 27 октомври, на Бранков мост изгоре автобус.

Текстот (Видео) Драма во Белград: се запали градски автобус, оганот се проширил на моторот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top