(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

пред 2 недели

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот на Русија.

Во пожарот се повредени уште две лица, се наведува во соопштението на оперативниот оддел, пренесе „Интерфакс“.

Како што е наведено, пожарот е изгаснат.

Оперативните служби утринава околу 9 часот добиле информација за пожар во работилницата за производство на електрична опрема.

Текстот (Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top