(Видео) Драма во Јапонија: по удар од гром, 18 ученици завршија во болница

(Видео) Драма во Јапонија: по удар од гром, 18 ученици завршија во болница

пред 2 години

Драматичен настан се случил во јапонскиот град Мијазаки, кога ученици завршиле во болница откако ги удрил гром.

Лекарите укажале помош на 18 средношколци (16 полесни и две тешки повреди).

Според противпожарната служба, учениците од гимназијата Камото и Хошо тренирале кога околу 14 часот и 30 минути по локално време во нивна близина удрил гром.

Метеоролошката агенција најави нестабилно време тој ден, додека градот Мијазаки беше опкружен со облаци од дожд. Издадено беше и предупредување за невреме со грмотевици.

„Во тоа време дождот стивна и немаше грмежи, па затоа донесовме одлука да не го откажеме тренингот“, соопштија од гимназијата Хошо.

Една жена која работи во блискиот ресторан ги опишала драматичните моменти:

„Помеѓу 14:00 и 14:30 часот во близина удри силен гром. Брза помош, пожарникари и полиција набрзо пристигнале на местото на настанот“.

Вработен во локална теретана рекол дека „прво се слушнало како експлозија“, а подоцна ја дознал страшната вест.

Текстот (Видео) Драма во Јапонија: по удар од гром, 18 ученици завршија во болница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top