(Видео) Драма на Сицилија: еруптира најголемиот активен вулкан во Европа, експлозивниот облак достигна рекордна висина

(Видео) Драма на Сицилија: еруптира најголемиот активен вулкан во Европа, експлозивниот облак достигна рекордна висина

пред 5 месеци

Еден од најактивните вулкани во светот, Етна, кој се наоѓа на Сицилија, повторно еруптираше, поради што беа прекинати сите летови на локалниот аеродром поради вулканска пепел и потенцијално опасната вулканска активност.

Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, има висок еруптивен облак со пепел што паѓа на локалните села околу Етна, што доведува до проблеми на патиштата и во транспортот – што го потврдуваат и снимките од местото на настанот, каде патиштата се покриени со црна пепел.

Новата ерупција се случува додека пристигнувањата на туристи и патници се во полн ек.

Аеродромот го намали бројот на летови

Еруптивниот облак достигна висина од 10 километри во утринските часови. Аеродромот Катанија, главниот аеродром во јужна Италија, го намали бројот на летови поради ерупцијата.

– По вулканската активност утринава, Единицата за кризи нареди затворање на секторот Б1 и намалување на пристигнувањата на шест летови на час. Од патниците се бара да го проверат статусот на нивниот лет со нивната авиокомпанија. Ќе следуваат дополнителни ажурирања – се вели во соопштението на компанијата.

Според медиумите, ова е една од најсилните вулкански ерупции во последно време.

Текстот (Видео) Драма на Сицилија: еруптира најголемиот активен вулкан во Европа, експлозивниот облак достигна рекордна висина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top