(Видео) Евакуирани четири села во Грција поради пожари

пред 3 години

Шумските пожари што избија денеска на западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и туристи од плажите.

Пожарот избувна во планинска шума, на околу 30 километри источно од Патра, изјави министерот за цивилна заштита, Михалис Хрисохоидис, пренесува АП.

Огнот, потпомогнат од силниот ветер, се спушти кон морето. На жителите на четири села – две на брегот и две на ридовите – им беа испратени пораки за евакуација.

Хрисохоидис нагласи дека во гаснењето на пожарот биле вклучени 290 пожарникари, со осум авиони, седум хеликоптери и специјален брод, кој ги евакуирал луѓето од плажите.

Поради пожарот патот Атина-Патра беше затворен, како и мостот Рио Антирио.

Во последните 24 часа во Грција избувнаа 56 пожари, кои се предизвикани од сувото време, топлотните бранови и силниот ветер.

Повеќето од нив се под контрола, рече министерот Хрисохоидис.

Врвот на топлотниот бран се очекува во Грција во понеделник, со температури до 46 степени.

Share
Scroll to Top