(Видео) Експлодира моторот на авион во САД, делови од леталото паѓаа покрај куќи

пред 3 години

Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс” паднаа во предградие на Денвер, по што „Боинг 777-200″ мораше да биде принуден да се врати на аеродромот.

Медиумите јавуваат дека по полетувањето се запалил десниот мотор.

„Деловите од авионот што паднаа не се мали и тој речиси ќе се урнеше врз станбените објекти“, јавија американски медиуми.

За среќа никој не е повреден. Во авионот имало 231 лице и 10 членови на екипаж, а сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.

Share
Scroll to Top