Рано утринава се слушнаа експлозии во близина на американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад и се огласија сирените, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на добро информиран извор.
⚡️Sirens sounded at the American embassy in the capital, Baghdad pic.twitter.com/xq6L4vfccL
— Middle East Observer (@ME_Observer_) December 8, 2023
Портпаролот на амбасадата не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
Не е јасно дали се активирани системите за противвоздушна одбрана на амбасадата и дали е причинета некаква штета. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.
| US Embassy in Baghdad, Iraq, has been targeted by a barrage of rockets. pic.twitter.com/b5TMuEMtN7
— Arya – آریا (@AryJeay) December 8, 2023
Повеќе од 70 напади се извршени врз американските сили во воените бази во Ирак и Сирија од средината на октомври, а дипломатските мисии се поштедени.
Текстот (Видео) Експлозии во близина на американската амбасада во Багдад, се огласија сирените е превземен од МАКФАКС.