(Видео) Ердоган ги нападна Америка и Британија: Сакаат Црвеното Море да го претворат во море од крв

(Видео) Ердоган ги нападна Америка и Британија: Сакаат Црвеното Море да го претворат во море од крв

пред 12 месеци

Пристигна првата реакција на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на синоќешните воздушни напади на САД и Обединетото Кралство врз воени цели на бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран.

„САД и Обединетото Кралство се обидуваат да го претворат Црвеното Море во море од крв. Гледаме дека Хутите многу успешно се бранат од овие напади“, рече Ердоган додавајќи дека ударите на западните сили се „непропорционална употреба на сила“.

На крајот на минатата година Хутите почнаа да напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море за да му покажат поддршка на палестинскиот Хамас во борбата против израелските вооружени сили во окупираниот Појас Газа.

Во такви услови многу сопственици на бродови ги пренасочуваа своите пловила, а САД иницираа меѓународна мисија која треба да ја заштити пловидбата. Во ноќта кон петокот американските и британските вооружени сили нападнаа воени цели во Јемен, а Хутите најавија одговор.

Текстот (Видео) Ердоган ги нападна Америка и Британија: Сакаат Црвеното Море да го претворат во море од крв е превземен од МАКФАКС.