(Видео) Ерменци упаднаа во владината зграда, бесни поради договорот со Азербејџан

пред 3 години

Незадоволни граѓани на Ереван упаднаа синоќа во зградата на ерменската Влада, бидејќи ерменскиот премиер Никол Пашинијан соопшти дека со лидерот на Азербејџан, Илхам Алиев и рускиот претседател, Владимир Путин, потпишал декларација за прекин на војната во Нагорно Карабах.

„Донесов тешка, исклучително тешка одлука за мене лично и за сите нас. Потпишав декларација со претседателите на Русија и Азербејџан за прекин на војната, со почеток од 1 часот по полноќ”, напиша Пашинијан на Фејсбук.

Тој наведува дека дека за него и за ерменскиот народ декларацијата е исклучително болна, но додаде дека одлуката ја донел врз основа на темелна анализа на воената состојба и врз основа на проценка на луѓето кои најдобро разбираат што се случува на теренот.

Ерменија и Азербејџан од крајот на септември се борат за Нагорно Карабах, планински регион во Азербејџан со мнозинско ерменско население.

Незадоволните граѓани го пробија кордонот на безбедносните сили и упаднаа во зградата на ерменската Влада.

Тасс јави дека „агресивните демонстранти“ ја кршат влезната врата од владиниот кабинет.

Share
Scroll to Top