Поради ерупцијата на вулканот Пакаја во Гватемала, властите денеска го затворија аеродромот, додека авионите прекриени со пепел беа паркирани на терминалите.
Вулканот, кој се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град, е активен од почетокот на февруари.
Директорот за цивилно воздухопловство Франсис Аргета не соопшти колку долго ќе биде затворен аеродромот.
Туристите често се искачуваат на врвот Пакаја, но ваквите екскурзии се привремено откажани.
Пакаја, е вулкан кој е во мирување скоро еден век, и повторно се активира во 1961 година а ерупции следеа и во 2004 и 2010 година.